Петков: МНР прво ќе ја извести Владата ако има договор со Скопје

Кирил Петков, премиер на Бугарија/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ако има договор со Северна Македонија, Министерството за надворешни работи треба да ја извести Владата, Коалицискиот совет и Парламентот да одлучи. Премиерот не може самостојно да носи одлуки, рече Кирил Петков за тоа дали презел чекори за давање „зелено светло” за Северна Македонија.

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеји, по средбата во Бугарија со претседателот Румен Радев, премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, очекува Софија во рок од три недели да се согласи за почеток на преговорачкиот процес со Скопје.

Вархеји по средбата со Петков на Твитер напиша дека наскоро ќе се врати во Софија за да се најде заеднички прифатливо решение за отворање на преговорите со Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот