Петков: Многу е важно да продолжи конструктивниот дијалог со Северна Македонија

Кирил Петков, премиер на Бугарија/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Многу важно да продолжи конструктивниот дијалог со Северна Македонија, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков по аудиенцијата кај папата Франциск во Ватикан, коментирајќи ја претстојната средба со претседателот на македонската Влада Димитар Ковачевски.

Според Петков, иако има многу сили од двете страни на границата кои се обидуваат да го истуркаат овој дијалог од конститутивноста, тој мора да се поддржи и да продолжи, јави дописникот на МИА од Софија.

За укинување на ветото, посочи Петков, може да се говори откако Министерството за надворешни работи ќе ги претстави последните резултати од напредокот во дијалогот со Северна Македонија. Резултатите потоа треба да бидат доставени до парламентот, кој ќе расправа и ќе изнесе јасен став за тоа што треба да направи бугарската влада.

– Сè друго ќе се користи за внатрешно-политички цели во Бугарија. Ова е национално прашање и треба да има широк консензус кој ќе ја вклучува и вадејачката коалиција и опозицијата. За национално прашање како ова, кое е толку важно, никој нема право да решава сам, рече Петков од Рим.

Тој повторно побара претседателот Румен Радев да го свика Советот за национална безбедност за преговорите со Северна Македонија, бидејќи од последната состанок поминале шест месеци.

– Оттогаш се случија многу работи, имаше многу разговори, имаше многу различни предлози, имаше многу различни светски лидери кои го искажаа својот став на оваа тема, има многу информации од службите. И нема подобар формат – да седнеме сите на маса и да разговараме што се однесува на нашата позиција и кои чекори треба заедно да ги преземеме понатаму, изјави Петков по аудиенцијата кај папата Франциск.

Петков рече дека со папата не разговарале за РС Македонија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот