Петков: Изборот во Бугарија е меѓу враќање назад во минатото и нова Бугарија

Кирил Петков на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел/Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Поранешниот бугарски премиер,  Кирил Петков, кој е копретседател на партијата „Промените продолжуваат”, откако го даде својот глас на вонредните парламентарни избори изјави дека денешното гласање во Бугарија е многу важно.

– Изборот е меѓу враќање во годините на транзицијата и нова и изменета Бугарија – рече Петков.

Петков кажа дека верува дека сите Бугари во овој момент ќе го направат изборот земјата да тргне напред. Тој кажа дека освен зголемување на приходите на пензионерите, ќе има и зголемување на просечната плата во Бугарија.

– Сите Бугари се надеваат дека секој млад Бугарин ќе ја избере Бугарија за свој дом, дека многу Бугари ќе се вратат од странство, дека ќе имаме просперитетна, способна, земја без корупција – додаде Петков.

Тој кажа дека очекува „Промените продолжуват“”, со јасна коалиција околу себе, да управува со бугарскиот народ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот