Петков и Радев денеска излегуваат од самоизолација

Изјава на Радев по седницата на Консултативниот совет за национална безбедност/Фото: Скриншот

Денеска се очекува да истече карантинот на бугарскиот премиер Кирил Петков и на другите лица кои во понеделникот беа во контакт со претседателот на Народоното Собрание Никола Минчев, кој е позитивен на коронавирус, а кои примиле бустер доза вакцина, објави БТВ.

Петков пред два дена, во екот на насилните протести пред Собранието против ковид мерките се појави на бугарската телевизија преку Зум врска и им вети дека во петок ќе се сретне со нивни претставници и ќе разговара за рестриктивните пандемиски мерки и зелените сертификати поради кои стотици граѓани излегоа на протести кои ескалираа со судири со полицијата, и обиди за насилен влез во законодавниот дом додека пратениците заседаваа. Во протестите имаше повредени демонстранти и полицајци, но и уапсени лица.

„Некои од демонстрантите не веруваат во мерките, не веруваат во ковид-19. Ги повикувам да излезат со 10 претставници, а бидејќи во петок ќе излезам од карантин, ќе седнам и ќе разговарам со нив за нов модел за надминување на следниот бран“, им порача Петков во средата, но бугарските медиуми јавуваат дека ветил средба со нив во вторник.

Но, токму во вторник на 18. јануари е закажана неговата посета на Скопје кога на македонските соговорници ќе им ги пренесе лично ставовите на Бугарија за условите за пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ кои ги договори бугарскиот државен врв на седницата на Консултативниот совет за национална безбедност.

Премиерот Петков во средата објасни дека е апсолутно здрав и нема симптоми на коронавирус по седницата на Консултативниот совет за национална безбедност, по кој претседателот на собранието Никола Минчев објави дека е позитивен.

Петков се обиде да им објасни на демонстрантите  дека владата не работи под притисок и со досегашниот рекорден морбидитет – зелениот сертификат не може да се укине.

Од Партијата Преродба во средата се заканија дека доколку не се укине зелениот сертификат ќе го нападнат парламентот и советот на министри.

Се очекува денеска да истече самоизолацијата на претседателот Румен Радев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот