Петков го свика Советот за безбедност поради тензиите околу Украина

кирил петков
Кирил Петков, премиер на Бугарија / Фото: МИА

Бугарскиот премиер Кирил Петков за утре го свикува Советот за безбедност, кој работи како тело на владата. Средбата ќе се одржи по завршувањето на заедничката седница на владите на Бугарија и Северна Македонија, соопшти владината прес-служба, пренесува БГНЕС.

Членовите на Советот за безбедност ќе разговараат за тензиите околу Украина и плановите на сојузниците на НАТО за зајакнување на источното крило на Алијансата.

Советот за безбедност е под директна надлежност на бугарскиот премиер. Неговата главна задача е да ја анализира состојбата со заштитата на националната безбедност.

НАТО испраќа борбени авиони и бродови во Бугарија и на Балтикот за заштита од можен руски напад врз Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот