Петков го призна поразот на изборите, не сака во коалиција со Борисов

Кирил Петков загуби од Борисов/Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Лидерот на партијата Продолжуваме со промените (ПП), Кирил Петков, чија реформска влада беше соборена во јуни по само шест месеци на власт, го призна поразот на денешните вонредни парламентарни избори во Бугарија, четврти за помалку од две години.

– Ги загубивме изборите, иако со мала разлика, а сега ГЕРБ ја има одговорноста да формира коалиција и да управува со земјата – рече тој, пренесува АП.

Борисов (63), кој доколку се потврдат конечните резултати од излезните анкети, ќе добие мандат да го формира четвртиот кабинет.

Се предвидува дека ќе му биде тешко да најде коалициски партнери и да формира стабилна владина коалиција, бидејќи повеќето политички групи превентивно отфрлија каква било соработка со неговата партија, обвинувајќи го дека дозволил корупцијата да завладее за време на неговото децениско владеење кое заврши во април 2021 година, оценува Ројтерс.

Предвремените избори дојдоа откако кревката коалиција предводена од Петков го загуби гласањето за доверба во јуни.

Тој подоцна тврдеше дека Москва користела тактика на „хибридно војување“ за да ја собори неговата влада, откако Софија одби да ги плати сметките за гас во рубли и нареди протерување на руските дипломати од Бугарија.

Според резултатите од изборната анкета на Gallup International Balkan, врз основа на 100 отсто преброени гласови, партијата на Бојко Борисов Граѓаните за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) е победник на денешните вонредни парламентарни избори во Бугарија, со 23,5 проценти од гласовите, односно 63 мандати.

Реформската партија на Кирила Петков Продолжуваме со промените(ПП) е на второ место со 19,5 отсто од гласовите и 53 мандати, а во парламентот влегоа уште пет партии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот