Петков го повика Радев: Свикајте го Советот за национална безбедност за преговорите со Македонија

Фото МИА.мк

Бугарскиот премиер Кирил Петков во видеообраќање го повика претседателот на државата Румен Радев да го свика Консултативниот совет за национална безбедност за состојбата на преговорите меѓу Бугарија и Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков рече дека бугарската влада нема да направи ништо без широка национална согласност и усогласено со коалицискиот договор на владејачката коалиција во земјата. Петков рече дека во Консултативниот совет за национална безбедност учествуваат сите партии, сите служби и претседателскиот кабинет и го повика Министерството за надворешни работи да достави извештај за состојбата на преговорите меѓу Бугарија и Македонија.

Тој побара за овој извештај да се расправа и на редовниот коалициски совет следната недела. Бугарскиот премиер потврди дека владата нема да направи ништо врз основа на надворешен притисок и пред целосно разбирање на ниво на коалициски совет, длабока дискусија во Консултативниот совет за национална безбедност и јасен и потврден став на највисокото тело во бугарскиот парламент. Според премиерот Петков, конечниот легитимен мандат на темата Македонија го има единствено Народното собрание на Бугарија и, како што рече, тоа треба да биде апсолутно јасно на целото бугарско општество и на надворешните партнери на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот