Петков гневен по пуштањето на Борисов: Во Бугарија нема независно обвинителство

Кирил Петков
Кирил Петков / Фото: Јутјуб/принтскрин

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска на состанок на Советот на министри изјави дека во Бугарија нема независно обвинителство.

– Повторно се соочуваме со апсолутна саботажа од Обвинителството на Република Бугарија под раководство на Иван Гешев, изјави бугарскиот премиер.

Тој обвини дека се прикриваат обвиненија и информации.

– Се прикриваат обвиненија што лесно можеме да ги најдеме. Информациите добиени од изнуденото лице се прикриваат и игнорираат, за да не се спроведе законска истрага, нагласи Петков.

Наводите на Петков доаѓаат откако поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, беше приведен 24 часа во специјална операција во четвртокот доцна навечер, заедно со Севдалина Арнаудова од службата за односи со јавноста на поранешниот премиер, како и ексминистерот за финансии, Владислав Горанов.

Тие беа ослободени по 24 часа, а од државното обвинителство соопштија дека немале доволно податоци за да бараат да им биде продолжен притворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот