Петков: Бугарија згреши што се откажа од евтин гас од Азербејџан

Кирил Петков/ Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Бугарскиот премиер, Кирил Петков, денеска изјави дека е грешка што Бугарија се откажала од евтиниот гас од Азербејџан, пренесува БГНЕС.

„Погледнете што се случува на светскиот пазар. Вчера цената на гасот беше 114 евра за мегават/час, немаме гас, можеме само да купуваме. Тоа што се откажавме од евтин гас од Азаербејџан е грешка. Единствено што можеме да направиме е да ја следиме ситуацијата и да купуваме гас кога цената на берзите ќе биде пониска, изјави тој.

Тој најави дека во текот на оваа седмица ќе отпатува за Грција за лично да види како напредува поврзувањето со грчкиот гасовод.

„Се надевам дека тој проект ќе биде готов до крајот на јуни. Тоа е огромен проект што јас лично го раководам. Единаесет години не беше изграден, а сега ние ќе се обидеме да го изградиме за шест месеци. Тоа ни се случува заедно со сите останати проблеми. Немаме кризен штаб, не сме подготвени да се соочиме со ценовни шокови, немаме функционална Агенција за бегалци. За 90 дена од ништо правиме нешто”, рече Петков во изјавата за медиумите.

Кирил Петков ја врши премиерската функција во Бугарија од 13 декември минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот