Петков: Бугарија не треба да биде периферија, туку двигател во ЕУ

кирил петков
Кирил Петков / Фото: МИА

Денеска се навршуваат 15 години од влезот на Бугарија во ЕУ, и по тој повод бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека Европската унија започна како мировен проект, но со текот на времето стана најголемиот светски пазар, културен центар, заеднички вредности и споделени можности.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков, ЕУ може да се надградува и Бугарија мора да има активна, конструктивна улога во оваа надградба.

Според Петков, Бугарија повеќе не треба да биде само на периферијата, туку двигател, членка која го дава најдоброто од себе за развој на сопствената земја, која последователно ја развива целата ЕУ.

Кирил Петков посака 2022 година да биде нов почеток, нов почеток за ЕУ и нејзиниот развој, нов почеток за Бугарија, како поактивна и поконструктивна членка на Унијата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот