Петков: Бугарија ќе продолжи да работи со соседите Албанија и Северна Македонија за европската иднина на Западен Балкан

Димитар Ковачевски и Кирил Петков /Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Бугарскиот премиер Кирил Петков во објава на Фејсбук напиша дека Бугарија и Северна Македонија го потпишале билатералниот протокол со кој се договориле за конкретните чекори за спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

„Ова е крај на еден тежок процес, на кој работеа владите на двете земји и покрај безбројните внатрешни и надворешни пречки“, напиша Петков.

Тој додава дека Бугарија заедно со другите земји од ЕУ, ќе продолжи да работи со своите соседи од Албанија и Северна Македонија со цел заедно да го реализираат сонот за европска иднина на регионот на Западен Балкан.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот