Петиција за титулата во Серија А да и припадне на Аталанта

EPA-EFE/PAOLO MAGNI

На социјалните мрежи се појави петиција во која се бара титулата во Серија А за оваа сезона да и се додели на Аталанта.

Сезоната во Серија А е суспендирана поради пандемијата на коронавирусот од која во Европа најпогодена е токму Италија. Во Италија пак, најтешко погоден од коронавирусот е Бергамо каде според последните податоци починале повеќе од 4.500 лица во градот кој има 120.000 жители.

Телата на починатите се носат со воени возила во други градови бидејќи крематориумите во Бергамо не се доволни.

Поради тоа, но и поради поради фактот дека Аталанта има фантастична сезона во која се наоѓа во трка за титулата во Серија А, а во Лигата на шампионите обезбеди пласман во четвртфиналето, беше покрената петиција во која се бара титулата да и биде доделена токму на Аталанта.

Во петицијата се наведува дека тоа би била награда за „спортските успеси во последните две години, а исто така и искажување на почит кон сите граѓани на Бергамо, градот кој стана симбол на страдањето на Италијанците за време на пандемијата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот