ПЕТИЦИЈА ЗА НОВО СЦЕНАРИО: РАЗОЧАРУВАЧКИ КРАЈ на најгледаната серија на сите времиња?! - Слободен печат
МагазинФилм и ТВ

ПЕТИЦИЈА ЗА НОВО СЦЕНАРИО: РАЗОЧАРУВАЧКИ КРАЈ на најгледаната серија на сите времиња?!

Писателот Џ.Р.Р. Мартин, свесен дека приказната се одвои од неговата книга, смета дека не било лесно да се гледа како ликовите се претвораат во нешто друго.

Емитувана е последната епизода од „Игра на тронови“, но според реакциите на фановите низ светот, тие воопшто не се задоволни од завршетокот на приказната.

Незадоволството на фановите кулминираше со претпоследната епизода, што резултираше со петиција на сајтот change.org, во која фановите бараат да се пресними целата последна сезона и да се ангажираат способни сценаристи.

Интересно во целата приказна е што дури ниту книгите на Џ.Р.Р. Мартин не се довршени и дека голем дел од епизодите беа „препуштени“ токму на продукцијата. Извршните продуценти Дејвид Беноа и Д.Б. Вајс на тоа имале да кажат:

„Ако знаете подобро, напишете го вие сами“, сметаат тие и побараа од фановите да дадат идеи или самите да го напишат крајот.

Писателот Џ.Р.Р. Мартин, свесен дека приказната се одвои од неговата книга, смета дека не било лесно да се гледа како ликовите се претвораат во нешто друго. Тој го паузирал пишувањето за да може да работи на серијата.

Оние кои веќе ги имаат прочитано книгите знаат точно во кој момент приказната во серијата се одвои од книгата. Веројатноста одново да се снима последната сезона е многу мала, речиси еднаква на нула.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close