Петгодишно девојче почина од коронавирус во САД, родителите ѝ беа на првата борбена линија

Мајката на Скајлар е полицајка во Детроит веќе 25 години, а нејзиниот татко 18 години работи како пожарникар во противпожарната служба на овој град, изјави вчера Гретчен Витмер, гувернерка на Мичиген.

Петгодишната ќерка на двајца здравствени работници во првите редови на борбата за заштита на сограѓаните почина од компликации поврзани со коронавирусот.

Скајлар Херберт почина во неделата во болницата Бомонт Ројал Оук во Детроит, откако две недели беше на респиратор, извести Си Ен Ен. Се дозна дека е позитивна на Ковид-19 минатиот месец, а во текот на заразата се здоби со тешка форма на менингитис и отоци на мозокот.

Мајката полицаец, таткото пожарникар

Мајката на Скајлар е полицајка во Детроит веќе 25 години, а нејзиниот татко 18 години работи како пожарникар во противпожарната служба на овој град, изјави вчера Гретчен Витмер, гувернерка на Мичиген.

„Беа на првата линија на фронтот и им служеа на другите граѓани со почитување и интегритет. Никако не го заслужија оваа загуба на детето поради пандемијата од коорнавирус. Никој тоа не го заслужува“, додаде Витмер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот