Петер: Враќањето на системот на рамен данок претставува храбар чекор од страна на Владата

Фото: Миа

Храбар чекор од страна на Владата, вака Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија ја оценува одлуката за враќањето на рамниот данок и одложувањето на прогресивното оданочување за три години.

– При деловното работење, сосема е нормално да се испробаат одредени мерки и да се повлечат доколку не се доволно успешни. Враќањето на системот на рамен данок, според Советот, претставува храбар чекор од страна на Владата. Тоа не значи нужно напуштање на општествениот стремеж, туку чекор напред кон развој на здрава економија што претставува ‘рбет на секое општество, стои во писмената изјава на претседателот на Советот, Штефан Петер.

Во глобален контекст, каде што земјите се натпреваруваат за подобра инвестициска средина, клучно е, дополнува Петер, да не се создаваат економски пречки.

-Веруваме дека приливот што недостига од прогресивниот данок, лесно може да се надомести од зголемените приходи од данокот на добивка по основ на директните странски инвестиции, наведува претседателот на Советот на странски инвеститори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот