„Петарда“ во мрежата на Галата, Легија поблиску до дуел со Адеми и Ристовски

Фото: EPA-EFE/MAURICE VAN STEEN

Денеска се одиграа нови натпревари од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите, најлошо помина составот на Галатасарај кој на „Филипс“ стадионот во Ајндховен загуби со убедливи 5:1 од ПСВ.

Турскиот гигант ќе има тешка задача на реваншот да ја анулира негативата, Холанѓаните водеа со 2:1 по првото полувреме, а најзаслужен за нивниот висок триумф беше Захави кој запиша хет-трик, воедно забележа и една асистенција.

Значајна партија имаше и Геце кој двапати се запиша во листата на стрелците, а единствениот погодок на спротивната страна беше дело на Килинц.

Легија триумфираше со 2:1 на домашен терен против Флора, Полјаците водеа со голот на Капуцка уште од третата минута.

На стартот од вториот дел естонскиот тим израмни преку Сапинен, а конечниот епилог го постави Лопес во самиот финиш од средбата (90+1`).

Потсетување дека победникот од овој дуел ќе игра со подобриот од пресметката Динамо Загреб – Омонија, а таму по првите 90 минути хрватската екипа во чии редови настапуваат македонските репрезентативец Аријан Адеми и Стефан Ристовски имаат предност од 2:0.

Во другите средби: Алмати – Црвена звезда 2:1, Малме – ХЈК 2:1, Мура – Лудогорец 0:0, Слован Братислава – Јанг Бојс 0:0, Олимпијакос – Нефчи Баку 1:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот