Петарда на Ливерпул (ВИДЕО)

EPA-EFE/PETER POWELL

Ливерпул нема намера да се откаже од титулата во Премиер лигата, иако Манчестер сити се наоѓа во пол позиција. „Црвените“ во првиот натпревар од 36. коло го декласираа последнопласираниот Хадерсфилд со 5:0 и се вратија на првото место на табелата, барем до недела кога Манчестер сити го игра својот натпревар против Барнли.

Навивачите на „Енфилд роуд“чекаа само 15 секунди за првиот гол кој беше дело на Наби Кеита. Вториот гол го постигна Садио Мане, а во финишот на првиот дел, Мохамед Салах со гол го одбележа 100. натпревар во дресот на Ливерпул.  Двоецот Мане – Салах и во второто полувреме по еднаш ја затресе мрежата на Хадерсфилд за убедлив триумф од 5:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот