„Петарда“ на Интер на гостувањето кај Беневенто (ВИДЕО)

epa08709302 Inter Milan's forward Romelu Lukaku (2-R) scores the 0-3 lead during the Italian Serie A soccer match Benevento Calcio vs FC Inter in Benevento, Italy, 30 September 2020. EPA-EFE/MARIO TADDEO

„Нероаѕурите“ во одложениот наптревар од првото коло во Серија А како гости го совладаа Беневенто со 2:5.

Сега по две одиграни кола, Интер има максимални шест бода како и Наполи, Милан и Верона и гол разлика од 9:5.

Избраниците на Антонио Конте по само половина час имаа предност од три гола благодарение на Роберто Гаљардини и Ромелу Лукаку кој двата ја погоди мрежата на Беневенто.

Џанлука Капрари во 34. минута намали на 1:3, но до крајот на полувремето, Ашраф Хакими го постигна својот прв гол во дресот на Интер по лоша реакција на домашните дефанзивци.

Во второто полувреме и двете екипи постигнаа по еден гол, Лаутаро Мартинез стрелаше за Интер, додека Капрари по втор пат беше прецизен за домашниот тим.
Во вториот натпревар Удинезе со 0:2 е поразен од екипата на Специа. Стрелец на головите кои и донесоа прв триумф на Специја во Серија А беше Андреј Галабинов во 29. и 95. минута. Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски влезе во игра во 66. минута на местото на Окака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот