Петар Рупески по петти пат го фати Светиот крст во Охрид

Посакувам секој да го фати крстот и да го доживее она што не можам да го опишам со зборови, изјави Рупески.

По петти пат, 30-годишниот охриѓанец Петар Рупески денеска го извади крстот од Охридското Езеро. Првиот пат крстот го фатил во 2005 година.

– Мошне сум среќен и јас, моите пријатели и моето семејство што го фатив крстот. Ова е вторпат како го фаќам крстот. Првиот пат тоа беше во 2005 година и навистина тогаш ми донесе многу среќа во животот. Посакувам секој да го фати крстот и да го доживее она што не можам да го опишам со зборови – изјави Рупески.

На чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро што го спроведоа великодостојници на Дебарско-кичевската епархија присуствуваа десеттина илјади луѓе, православни верници од Охрид и од други делови на Македонија, но и гости од странство, меѓу кои и делегации на збратимените градови на Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот