Петар Орданоски: „Екомонитор“- хипер систем за мерење на загадувањето

Екомонитор е хипер локален систем за мерење на загадувањето во и други метеоролошки податоци во урбаните и екстра урбаните средини.

Без точен попис на населението не можат да се креираат долгорочни политики во државата, без опширни податоци, не може да се бориме против загадувањето, на оваа тема во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ говори Петар Орданоски, млад иноватор.

-Екомонитор е хипер локален систем за мерење на загадувањето во и други метеоролошки податоци во урбаните и екстра урбаните средини. Проблемот со воздухот го имаме сите. Неспорно е дека е загаден. Оттаму и нашето мото, односно мотото на проектот „Борбата против загадување почнува со неговото мерење- вели Орданоски.

Идејата е, вели Орадноски, сите податоци да бидат достапни за сите.

-Со тоа ќе се постигне една мрежа на сензори кои на неколку минути ќе испраќаат податоци до централни сервери, ќе се мерат гасови, притисоци, влажност на воздухот, ПМ честички, амбиентални звуци итн…Со овој проект Македонија ќе дојде и ќе избие во регионот на најдобро опремените држави во поглед на мерењето на загадувањето на воздухот. Но ова не е најбитната работа. Битна е прогнозата на загадувањето- вели Орданоски.

По извесно време, вели Орданоски, со податоци ќе можеме да предвидиме какво ќе биде загадувањето во одреден ден, во одреден час.

-Со Екомониторот користиме сензори кои се со највисок квалитет. Ние сме горди на тоа. Се надеваме на соработка со сите засегнати страни. Од министерство до локални самоуправи… Цената е многу пристапна со оглед на тоа што се добива- рече Петар Орданоски, млад иноватор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот