Петар ја убил Сања по ноќта мината во кафеана, а неговите зборови по злосторството ги шокирале инспекторите!

Петар Живановиќ (73) од село Свеулево, Србија во неделата ја убил својата невенчана сопруга Сања Јанковиќ (42) а медиумите тврдат дека причина за трагедијата е љубомора по вечерта помината во кафеана.

„Сања им се приклучила на Петар и пријателите околу 23 часот. Се веселеле и убаво поминувале, се додека едно момче не влегло во кафеаната. Во еден момент Петар забележал дека Сања го гледала момчето, па и рекол налутено да не го прави тоа додека е на маса со него пред пријателите“, вели извор за српските медиуми.

Сања ги игнорирала критиките на Петар, што него уште повеќе го разбеснело.

„Кога нарачала ново пиење, Петар ја фатил за рака и рекол повеќе да не порачува затоа што домашните сметки не се платени. Таа ја извлекла својата рака, седнала и почнала нешто да прави на својот мобилен телефон. Повеќе ниту Сања ниту Петар не се веселеле, туку намуртено седеле. Еден час по полноќ излегле од кафана и тргнале накај дома“, објаснува соговорникот.

Штом дошле дома почнала жестока кавга.

„Во еден момент несреќната жена се свртела и без збор се качила на спратот од куќата, влегла во собата и легнала во кревет. Живановиќ во налет на љубомора ја земал ловечката пушка која секогаш ја држел покрај креветот и се качил на спратот од куќата. Влегол во собата на Сања и два пати пукал во неа. По злосторството Петар мирно по телефон ги повикал пријателите кои биле со него во кафаната и им кажал што направил“, вели извор за српските медиуми.

Додека Петар разговарал со нив, дошла полицијата и го уапсила.

По апсењето инспекторите го прашале Петар зошто ја убил Сања, а тој ладнокрвно им рекол: „Заслужи!“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот