Петар Грашо во среда пред скопската публика!

Фото: Инстаграм

Една од најголемите хрватски ѕвезди, фантастичниот Петар Грашо доаѓа во Скопје на 19-ти (среда), но овој пат во сосема поразлично издание и на сосема поразлична локација – Грашо ќе биде дел од серијалот ексклузивни настани во првиот и единствен музички бар кај нас Intermezzo music bar.

„Ако те питају“, „Уторак“, „Ко нам брани“… се само дел од темите кои ќе се најдат на репертоарот на Грашо кого домашната публика за прв пат ќе има можност да го види во вакво издание – со ексклузивен настап и во амбиент каков што, како што вели, нема во големите концертни сали.

Гостувањето на Грашо затоа е уникатна можност не само да се ужива во неговата музика, туку и да се биде близу до човекот за кого велат – тој е најдобриот пејач меѓу кошаркарите и најдобриот кошаркар меѓу пејачите.

– Скопје ми е омилена дестинација и сум настапувал во сите концертни сали, но овој настап ми е особено инспиративен и е голем предизвик за мене затоа што сакам дружби на кои можам да бидам блиску до мојата публика. Драго ми е што во ова ’време – невреме’ ќе имаме можност малку да мислиме и на убави работи и убаво да се чувствуваме сите – вели Грашо.

Дека сите оние кои ќе бидат дел од овој ексклузивен настап на Грашо можат да се чувствуваат безбедно уверуваат и од првиот музички бар кај нас. Оттаму велат: „Сакаме да ги увериме нашите посетители дека сите забави се организираат според протоколот и одредбите кои се донесени од Владата и МЗ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот