Петар Грашо со два интимни концерти во Скопје!

Фото: Инстаграм

Најголемата актуелна хрватска пејачка ѕвезда, Петар Грашо, после навистина долго време ќе има свој солистички концерт и во Скопје.

Иако насекаде во регонот Петар Грашо настапува во најголемите постоечки сали, сепак ова ќе бидат два ексклузивни и интимни концерти и тоа во најубавиот простор во Скопје, Македонската Филхармонија.

Концертите ќе се одржат на 13-ти и 14-ти декември со почеток во 20 часот, а влезниците ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 7-ми октомври во 09 часот наутро по цена од 1.500 денари, како и лимитиран број на ВИП влезници по цена од 2.000 ден.

Ова е навистина уникатна можност, во живо да ги слушнете: „Ако те питају“, „Мое злато“, „Вторник“, „Кој ни брани“ и уште многу други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот