Петар Грашо потврди дека го победил коронавирусот и сподели како се чувствувал

петар грашо
Петар Грашо / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Хрватскиот музичар Петар Грашо (44) откри за „Слободна Далмација“ дека се заразил со коронавирус. Откако ја потврди веста, пејачот го опиша и своето искуство со вирусот.

„Тоа беше пред три недели, имав благи симптоми, така што немам што да кажам“, потврдил Грашо за „Слободна Далмација“.

„Можеби немаше потреба да кажувам дека бев инфициран од тој вирус, но тоа некако излезе од мене, беше посилно. Барем да знаат оние кои беа со мене во контакт, да појдат да си направат тест. Сепак, ништо страшно, не е за стравување, жив и здрав сум и се молам ова зло да помине брзо. Летото да го дочекаме сите среќни и прегрнати на моите концерти, како некогаш“, порача сплитскиот пејач .

Instagram
Instagram

Во ова време минатата година, Грашо се подготвуваше за новогодишен настап во Мали Лошињ, а пред тоа пееше на концертот за роденденот на Оливер Драгојевиќ во арената „Спаладиум“.

Оваа година, поради пандемијата, тој имаше многу помалку настапи, но го одржа и најнеобичниот концерт во кариерата, кога по повод празникот Свети Дује, настапи сам, без публика во Сплит Перистил.

Instagram
Instagram

Иако нема многу настапи овој период, Грашо повторно е вреден, па во октомври годинава го издаде успешниот сингл „Neće nas zauvik bit“, кој е насловна песна за ТВ серијата „Дар Мар“ .

Instagram
Петар Грашо и Северина/Instagram

„Добрината не е откажана оваа година! На 19 декември, гледајте го концертот „Сакам живот“ на фондацијата Ана Рукавина на Нова ТВ, Северина и јас ви подготвивме мало задоволство, а 060 9000 е телефонскиот број што можете да го свртите денес и да помогнете во спасување на нечиј живот“, напиша Петар минатата недела на својот Инстаграм покрај фотографијата на која позира со Северина, а истата фотографија пејачката ја сподели и на нејзините социјални мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот