Петар Грашо и Хана Хуљиќ ќе станат родители? Пејачот се огласи за гласините

Фото: Принтскрин /Инстаграм

Набргу по веста дека хрватскиот пејач Петар Грашо (45) и Хана Хуљиќ (31) се во врска, почнаа озборувањата дека младата музичарка е бремена. Меѓутоа, Грашо ги негираше гласините за „Тпортал“ и првпат ја коментираше нивната романса.

– Првпат слушам за тоа. Како и за многу информации за кои се пишува деновиве, ниту оваа не е вистина – рекол Грашо смеејќи се.

Имено, вчера во некои хрватски медиуми се појавија информации дека Хана Хуљиќ е бремена, како и дека татко на детето е популарниот сплитски пејач.

– Особено затоа што Тончи Хуљиќ, мојот сегашен свекор, стана уште попримерен откако ја напиша „Миса“ и им забрани на децата ништо да не прават пред брак – се пошегувал Грашо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gloria.hr (@gloria.hr)

Петар и Хана во 2016 година ја снимија песната „Срце за водич“, за која музиката ја напиша токму таткото на Хана, Тончи, а текстот го потпишува нејзината мајка Вјекослава. Наводно, Тончи Хуљиќ првично се противел на таа соработка.

– Јас го форсирав тој дует, а тато Хуљиќ дури и малку се бунеше. Мило ми е што успеавме да го убедиме, иако изгледа малку строго – се пошегувал тогаш Грашо.

Сепак, Хуљиќ неодамна даде „благослов“ за врската помеѓу неговата ќерка и неговиот долгогодишен пријател Грашо.

– Го разбирам интересот на медиумите во врска со Хана и Петра, но никогаш јавно не се реферирав на приватниот живот и односите, како на моето семејство, така и на изведувачите со кои работам. Особено што Петар и Хана имаат слични ставови кон претставувањето на личниот живот во медиумите, а покрај тоа, Петар е и голем семеен пријател. Ако тие се среќни, а колку што можам да видам се, тогаш среќни сме и Вјекослава и јас – рекол Хуљиќ за „Вечерњи лист“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by showbuzz.hr (@showbuzzhr)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот