Петар Богојески во Градски парк: Редно е да го смениме политичкиот систем, да падне овој естаблишмент

Носителот на листа за пратеници за ИЕ1 Петар Богојески денеска имаше средба со граѓани во Градскиот парк.

– Денеска сретнавме прекрасни луѓе, кои и покрај желбата да одморат од градската гужва, беа отворени за разговор со нас. Се е јасно. Нема простор за ветувања, програми, се е слушнато и видено веќе 30 години! Редно е да го смениме политичкиот систем, да падне овој естаблишмент, рече Богојески.

Македонски концепт, додаде тој,  креаира поинакви јасни политики кои ќе донесат суштински промени за нашата држава.

-Имаме јасна идеја и цел и знаеме како. 15 јули е денот кога без разлика на политичката определба, сите граѓани масовно треба да излезат на гласање и да го заокружат бројот 10. Десетка е број кој менува. Само заедно можеме да се избориме за суштински промени, додаде Богојески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот