ПЕТА го прогласи Хоакин Феникс за „Личност на годината“ ! (ФОТО)

Хоакин Феникс / Фото: Instagram

Актерот Хоакин Феникс (45), најпознат по феноменалната улога во Џокер, неодамна стана заштитно лице на новата кампања на ПЕТА и се појави на бројни џамбо-плактати, а најпознатото здружение за заштита на животните сега го прогласи и за личност на годината.

Instagram

Феникс е веган повеќе од 40 години. Како што вели тој уште од својата 3-та година. Во доцните 70-ти бројот на луѓе кои бирале таков начин на исхрана поради морални причини, бил многу помал отколку денес, па актерот може слободно да се нарече пионир на се повеќе популарното „гастрономско движење“.

Instagram

„Сите ние сме животни. Не сакам да нанесувам болка на друго живо чувствително битие. Не сакам да му ги одземам децата. Не сакам да го присилувам на затворање и хранење, само за подоцна да го заколам. Тоа е апсурдно и барбарски. И не можам да разберам како можете да го сведочите тоа, а не влијае на вас. Тоа е сигурно и влијанието кое го има нашата околина, а кое е вознемирувачко“, изјавил Феникс.

Освен што неуморно учествува во кампањите против злоупотреба на животни, во јуни оваа година Хоакин во Холивуд го предводеше и протестот по повод Националниот ден за правата на животните. На меѓународниот филмски фестивал во Торонто се придружи на веганскиот протест на локалната организација за правата на животните, а планетарната слава со која живее последните неколку месеци, после улогата која сосем сигурно му го одбележа животот, одлучи да ја искористи за да може уште повеќе да разговара за проблемите кои ги смета за сурови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот