Пет златни совети за совршенo направени мафини

Инстаграм

Лесно се подготвуваат, превкусни се, не ни одземаат многу време во кујната, па кој не сака мафини?

Доволно се само неколку состојки, калапчиња за печење, малку време и превкусните колачиња се готови. Но, како да ги направите совршени?

Мешање на тестото

Добрите мафини треба да бидат лесни и затоа немојте премногу да го мешате тестото. Кога ќе ги помешате сувите и влажни состојки доволно е да мешате додека сувите состојки повеќе не се гледаат и смесата стане компактна.

Корпички за печење

Пред да ја претурите смесата за мафини во кошничките за печење задолжитено премачкајте ги убаво кошничките со путер или маргарин.

Инстаграм

Колку смеса во една корпичка?

Ако сакате богати и големи мафини немојте да ја преполнувате корпичката до врв. Секое калапче наполнете го три-четвртини.

Рерна

Ако мафините прерано ги извадите од рерната ќе бидат лепливи, а само неколку минутки подолго печење ќе ги претвори во суви колачиња. Прво, рерната треба да биде претходно загреана на 180 степени, потоа ставете ги мафините и печете ги онолку колку што пишува во рецептот. Ако не сте сигурни дали се готови, набрзина отворете ја рерната и со чепкалка боцнете во средниот дел на мафинот – ако чепкалката излезе чиста, мафините се печени.

Ладење на мафините

По печењето мафините извадете ги од калапчињата и веднаш послужете ги. Може да ги оставите само неколку минути да се изладат, но не предолго зашто тетсото ќе се исуши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот