Пет здравствени работници од штипската Клиничка болници се заразени со коронавирусот

Медицинска сестра од штипската Клиничка болница, која работела на друго одделение, а била на помош на своите колешки на Инфективното одделение е новиот позитивен случај на коронавирусот меѓу здравствените работници. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека медицинската сестра уште пред 10 дена е во изолација. Таа заедно со уште пет здравствени работници, меѓу кои двајца лекари, две медицински сестри и еден лаборант се ставени во изолација по потврдените два случаи на здравствени работници на 9 јуни.

-Со новиот позитивен случај, во моментов активни заразени со коронаинфекција имаме вкупно пет здравствени работници. Тестирани се и медицинскиот персонал од смената на одделението за неонатологија, акушерство и гинекологија. Овие резултати се чекаат, а според епидемиолозите во изолација се ставени и седумте родилки и нивните новороденчиња од Штип, Радовиш, Пехчево и Македонска Каменица, вели Ѓеорѓијев.

Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје-Штип ги очекуваат и резултатите од тестовите на медицинскиот персонал во Итната Медицинска помош во Штип, каде што до вчера се регистрирани вкупно двајца позитивни случаи, од кои еден лекар и еден возач.

На Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип болнички се лекуваат вкупно 21 пациент, но имаат и тројца сомнителни пациенти со симптоми, за кои се чекаат резултатите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот