Пет занимливости за една од најпопуларните раси на кучиња!

инстаграм

Сибирската хаска е лојален и атлетски пес со прекрасни сини очи или повеќебојни. Ова куче има голема издржливост и е спремно да работи во чопори за да влече товар.

За ова куче се верува дека има потекло од Чучкија, племе на Сибирски номади кои ги користеле овие кучиња примарно како вид на транспорт. Хаските биле донесени на Алјаска во 1908 година и се користела како кучиња за влечење на товар и тркање.

инстаграм

Веќе со години сибирската хаска е многу популарна раса на кучиња. Главна причина за популарноста лежи во неговата прекрасна појава. Многу сопственици прават грешки сметајќи ја хаската како и сите други кучиња. Тоа е далеку од вистината, бидејќи хаските имаат посебен карактер. Тие се тврдоглави кучиња, кои е потешко да се научат да бидат послушни отколку другите раси. Секако, тоа не значи дека не се интелегентни, туку дека се слободен дух, многу внимателни и толерантни.

Прочитајте некои интересни факти за овие прекрасни кучиња кои се одлични миленици:

1. Се смета дека името „хаска“ е поврзано со надимакот за Ескими „ески“ кој подоцна прераснал во надимак за кучињата.

инстаграм

2. Хаските ее големи уметници за бегање и дури да се грижите за нив навистина, тие можат да одлутаат и веќе никогаш да не ги најдете или видите, затоа сопствениците на хаски мораат да изградат цврста ограда која не може да ја прескокнат или поткопаат со врати кои не можат да ги отворат, но покрај тоа мораат постојано да проверуваат дури и за најситните дупки, климави даски или огради.

3. Иако многумина сметаат дека хаската е за поладни простори, тоа баш не е точно. Хаската е куче за сите сезони бидејќи неговото крзно е добар изолатор против ладно, но и високи температури. Неговото густо крзно се митари неколку пати годишно, така што практично можете перници да направите од нивните влакна, бидејќи хаската е единственото куче кое има лековито влакно, без кучешки мирис, кое делува антиалергиски и антиреуматски.

инстаграм

4. Посебно се познати по своите очи. Можат да имаат во иста боја, но и шарени. Многу кучиња од оваа раса имаат она што се вика пинто око или поделено око каде има исто толку сина боја колку и кафена.

5. На хаските им е потребно многу малце храна за да преживеат. Причината за тоа е нивниот одличен метаболизам и тоа што нивните пердци биле навикнати да поминуваат голема далечина со многу малце храна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот