Пет видови осип кои може да укажуваат дека сте заразени со коронавирус

Фото: Профимедиа

Ако сте биле во контакт со коронавирусот и сте се заразиле, раното откривање на симптомите е од клучно значење за да се спречи ширењето на вирусот и да почнете навреме да се лекувате.

Иако ковид-19 е респираторна болест, може да предизвика и низа други симптоми освен респираторни. Некои од нив се осип, главоболки, болки во мускулите и други.

Според студијата објавена во „Бритиш журнал од дерматолоџи“, 8,8 отсто од сите оние кои биле позитивни во студијата на 11.544 луѓе развиле некој вид кожни проблеми.

Начини на кои ковид-19 може да се манифестира на кожата:

Промени на прстите

Промените на прстите, како црвени и виолетови испакнатини, може да укажуваат на ковид-19. Тоа е состојба која почесто се појавува во текот на постудените месеци, но во случај на ковид, може да се појави во секое годишно време.
На прстите на рацете и на нозете може да се појават и јазли и прстите може да бидат отечени, но овие промени не предизвикуваат иритација. Со текот на времето, горниот слој на кожата почнува да се лупи, а дел под тоа може да почне да се лупи.

Егзема

Егземата е воспалителна состојба поради која кожата е воспалена, испукана, груба и чеша. Егземата може да се појави во текот или по инфекцијата и обично може да трае неколку дена.

Плускавци

Плускавците се појавуваат ненадејно, а станува збор за црвени испакнатини кои чешаат, а кои се резултат на кожната реакција. Испакнатините се со различни големини и доаѓаат и поминуваат одвреме-навреме.

Плускавци може да се појават на кој било дел од телото, вклучувајќи ги бутовите, грбот и лицето. Според истражувачите, оваа состојба на кожата се појавува доста рано во текот на инфекцијата и може да трае долго.

Ако плускавците се појавуваат и по шест недели, овој кожен проблем се смета за хроничен.

Орален осип

Оралниот осип, познат и како енантема, е уште еден знак за ковид-19. Овој вид на осип се појавува на усните поради што устата станува сува и се лупи. Во некои случаи, може да се појават и болки во усните.

Питириасис росеа (Pityriasis rosea)

Pityriasis rosea е воспалителна болест која се карактеризира со дифузни лушпести папули или плаки (наслаги). Станува збор за бениген осип кој најчесто започнува со појава на големи кружни или овални дамки на градите, стомакот или на грбот, пишува „Тајмс оф Индија“. Оваа состојба обично е предизвикана од вирусна инфекција, а може да се појави околу 4-5 дена пред другите симптоми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот