Пет важни работи за менопаузата што секоја жена треба да ги знае

profimedia

Хормоните понекогаш навистина можат добро да не збунат! На пример, поради нив, нашата кожа има природен сјај и благодарение на нив нашите коски остануваат цврсти. Од друга страна пак, тие се главниот виновник за надуеност, ПМС симптомите, и кога ќе започнат да варираат поради менопаузата, тогаш тие можат да бидат причина за одредени непријатни симптоми.

Кога станува збор за самата менопауза, еве неколку работи што сигурно не сте ги знаеле, а треба да ги знаете.

Симптомите на менопауза може да се појават и до десет години пред да влезете во менопауза

Јајниците почнуваат да произведуваат помалку естроген две до десет години пред менструацијата целосно да престане. Овие флуктуации на хормоните можат да предизвикаат симптоми како што се ноќно потење и топли бранови.

Просек

Во просек, жената влегува во менопауза на возраст од 51 година.

Длабокото дишење може да помогне при топлите бранови

Длабокото, бавно дишење во времетраење од петнаесет минути (два пати на ден) може значително да ја намали појавата на топли бранови. Вежбањето исто така помага.

Вагинална сувост

Падот на естроген во вашето тело може да доведе до сувост на вагината и болка за време на сексуалниот однос. Сепак, овој проблем може да се реши со употреба на лубриканти или навлажнувачи, како и со помали дози на вагинален естроген.

Зголемен ризик за срцеви заболувања 

Откако жаната ќе влезе во менопауза се зголемува ризикот на срцеви заболувања. Тоа се должи на тоа што кога ќе дојде до загуба на естроген, доаѓа и до губење на неговите заштитни ефекти на срцето. Затоа, штом влезете во манопауза, посетете лекар и проверете си го здравјето на срцето, можеби ќе треба да земате одредена медикаментна терапија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот