Пет угостителски објекти во Струга не ги почитувале мерките против коронавирус

Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Пет од осум контролирани угостителски објекти во Струга не ги почитувале одредбите за задолжително растојание меѓу масите и присуство до четири лица на маса, утврдиле при вчерашната контрола инспектори од Државниот пазарен инспекторат и полициски службеници.

СВР Охрид денеска соопшти дека во еден угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир од страна на четири лица.

– Во еден угостителски објект, лицата А.В.(21), А.В.(25) и Г.В.(25) од струшкото село Велешта и Т.С.(28) од селото Долно Татеши, го нарушиле јавниот ред и мир. Тие се повикани во Полициска станица и по целосно документирање на настанот, против нив како и против одговорните во угостителските објекти, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави, изјави портпаролот Стефан Димоски.

Димоски посочи дека полицијата ќе продолжи со своите активности со цел доследно спроведување на мерките за заштита и превенција од ширење на корона вирусот и почитување на безбедносните протоколи во угостителски објекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот