Петмина учители кои ја промениле историјата на мислата и образованието

Учители, Фото: Викимедија, Picryl

Би требало на сите да ни е јасно дека образованието е најважниот дел од растењето на личноста и е одговорно за иднината и стуктурата на општеството. Сигурно имате некој омилен учител, но ова се едни од најуспешните низ историјата, чиј придонес имал тектонско влијание.

551-479 година п.н.е. – Конфучие

Фото: Pixabay

Конфучие бил кинески учител и филозоф кој ги проповедал вредностите на формалното учење. Тој предавал на илјадници студенти за време на неговиот живот, фокусирајќи се на она што тој го има наречено Шест уметности; тие вклучуваат музика, стрелаштво, математика, ритуали, јавање коли и калиграфија. Дополнително, Конфучие ставил силен акцент на моралот и интегритетот. Неговото влијание како учител го обликува кинеското образование неколку милениуми и влијае на образованието и филозофијата низ целиот свет.

469-399 година п.н.е. – Сократ

Фото: Викимедија

Сократ има место како еден од најзначајните учители и филозофи на западната цивилизација. Тој водел дискусии со луѓето од Атина во кои поставувал предизвикувачки и длабоки прашања. Иако одбивал плаќање за неговото учење, Сократ предизвикал жестока лојалност меѓу неговите студенти. Еден од неговите студенти, Платон, ќе стане уште една голема фигура во историјата на западната филозофија. Неговиот стил на стимулирање на мислата преку поставување прашања е прифатен од многу современи учители и е познат како Сократов метод.

1214-1292 година – Роџер Бејкон

Фото: Викимедија

Роџер Бејкон, роден во Англија, бил монах и научник во многу академски области, вклучително и математика, рана хемија и оптика. Спровел експерименти кои во голема мера го унапредиле разбирањето на филозофијата и науката во негово време. Неговото застапување на Аристотел, како и многу други негови академски определби, предизвикал конфликт со некои верски водачи. Неговото отворено учење и стил на пишување го имаат стваено во затвор од речиси 15 години, а подоцна и обвинувања за окултизам.

1866-1936 година – Ени Саливан

Хелен Келер, Ени Саливан, Фото: Picryl

На 4-годишна возраст, Ени Саливан била законски слепа поради болест наречена трахома. На 9-годишна возраст, по смртта на нејзината мајка и напуштањето од страна на нејзиниот татко, таа била испратена во сиропиталиште во кое немало можности за формално образование. Сепак, таа се изјаснила до администраторот да ѝ биде дозволено да учи и на крајот дипломирала на Школата за слепи „Перкинс“ во 1886 година.

Откако неколку операции резултирале со враќање на нејзиниот делумен вид, таа ги искористила своите дарови и невообичаената перспектива за да започне да подучува млада глувонема девојка по име Хелен Келер. Саливан била прата учителка која успеала да работи со глувонемо дете. Таа ѝ помогнала на својота студентка да премине од недисциплинирано 7-годишно дете до диплома на колеџот Редклиф.

1930-1992 – Алан Блум

Фото: Instagram-принтскрин

Алан Блум бил учител во многу училишта, вклучувајќи ги Универзитетот Јеил, Универзитетот Корнел и Универзитетот во Чикаго. Тој беше водечки поборник за употребата на литературниот канон во образованието и работеше долги години на тоа кои книги се сметаат за „големи книги“ низ историјата. Само преку проучување на овие книги, теоретизира Блум, поединецот може да придонесе за општеството и да го разбере животот на смислен начин. Книгите што тој ги препорачал вклучуваат антички текстови, како што се Гилгамеш и Хомеровата „Илијада“, како и помодерни, како што се „Грозјето на гневот“ на Џон Стајнбек и „Нивните очи го гледаа Бога“ на Зора Нил Харстон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот