Пет турски генерали поднесоа оставка

Фото: Профимедиа

Пет турски генерали поднеле оставка во пресрет на одржувањето на воениот совет на почетокот на месецов, објави опозицискиот весник „Џумхуриет“.

Турскиот воен совет, кој го претстави претседателот Реџеп Таип Ердоган, се состана на 1 август за да расправа за унапредувања и смена на високо рангирани припадници на војската.

Петмина генерали поднесоа оставки поради одлуката на Советот, што пензионирани воени офицери го протумачиле како обид за намалување на турската армија, наведува „Џумхуриет“.

Двајца од тие генерали биле задолжени за Идлиб во Сирија, каде Турција е воено присутна. Турското министерство за одбрана не се огласи со коментар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот