Пет тони канабис со потелко од Мароко запленети во регионот на Париз

Фото: EPA/ETIENNE LAURENT

На почетокот на годината беа запленети повеќе пратки на кокаин, а последната беше со потекло од Италија во соработка со италијанските власти во количина од 3,3 тони.

Околу 4,8 тони канабис со потекло од Мароко се откриени во автомобил во регионот на Париз, јави дописникот на МИА.

Операцијата ја спроведоа полицајците задолжени за борба против наркотици, кои покрај заплената на канабисот уапсија и седум лица. За нив постои сомневање дека се вмешани во увозот и приемот на забранетата стока. Сите тие се со потекло од парискиот регион и подолго време биле следени од Француската канцеларија за борба против наркотици во рамките на истрагата доверена на судија од Специјалната судска установа од Париз.

Според бројките соопштени од министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер, во 2019 година во Франција биле запленети над 95,4 тони канабис, за споредба со околу 100 тони во 2018. Во Франција се проценува дека се трошат годишно меѓу 370 и 580 тони на ова трева и нејзините деривати. Канабисот и понатаму е првата најтрошена дрога во Франција, со што таа е на првото место во Европа. Во Франција канабисот и понатаму е забранет.

На почетокот на годината беа запленети повеќе пратки на кокаин, а последната беше со потекло од Италија во соработка со италијанските власти во количина од 3,3 тони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот