Пет стихозбирки во најтесен избор за наградата „Антево перо“

Во најтесен избор за наградата за поезија „Антево перо“ која на почетокот на октомври официјално ќе биде врачена по втор пат, селектирани се пет стихозбирки, соопшти жири комисијата во состав Венко Андоновски, Атина Цветаноска и Жорж Поповски.

Анализирајќи ги естетските вредности и оригиналноста на поетското писмо на секоја од осумте книги кои се најдоа во поширокиот избор, на своето заседание одржано на 7 септември, комисијата во најтесен избор за наградата ги издвои поетските остварувања: „Градот“ на Иван Џепаровски, „Дупка“ на Александра Димитрова, „Граници“ на Михајло Свидерски, „Јазикот на светлината“ на Сузана В. Спасовска и „Музеј на чувствата“ на Јосип Коцев.

Жири комисијата за наградата „Антево перо“ соопшти дека редоследот нема вредносно значење.

Името на наградениот авторски наслов, односно на добитникот на наградата „Антево перо “ ќе биде соопштено во наредните неколку дена.

Наградата свечено ќе биде врачена за време на тридневната Меѓународна културно поетска манифестација „Анте Поповски-Антево перо“, што ќе се одржи од 4 до 6 октомври во Скопје и Лазорополе.

Наградата ја доделува Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски. Наградата „Антево перо“се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавен поетски ракопис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот