Пет ситуации во кои не смеете да правите компромис со партнерот

Компромисите се можеби најважниот елемент во успешните љубовни врски, но и тука важи непишаното правило дека не се прават по секоја цена.

Она што е важно во една врска е секогаш да има љубов, толеранција, разбирање, разумни компромиси, но и да се внимава сето ова да не стане опасно за парот.

Еве во кои ситуации не смеете да попуштате:

Мешање во односот со пријателите

Вашиот партнер сигурно се грижи за вас и не сака да бидете во лошо друштво. Но, доколку се меша во односите со вашите дамнешни пријатели на кои им верувате, забранува комуникација и манипулира со ситуациите, тогаш поверојатно е дека се работи за емоционално насилство.

Се шегува со вашите амбиции

Прочитајте и...  Е, сега си добра! Пластичен хирург си создал совршена жена и веднаш ја запросил! (ФОТО)

Како личност, сосема е нормално и очекувано да имате соништа и амбиции. Исто е и сосема нормално да се различни од оние на вашиот партнер. Но, проблем може да се појави доколку партнерот ги обезвреднува и се потсмева на вашите соништа. Не се менувајте себе поради тоа, еден ден ќе ви биде жал.

Се меша во семејните односи

Никој не очекува вашиот партнер да биде близок со вашето семејство, но она што мора да постои е почит и од двете страни. Никако немојте да подлегнувате на обидите да ви ги прекине меѓусебните односи со членовите на вашето семејство.

Бара да ја промените работата

Вашата кариера е ваш избор, а ако партнерот вистински ве сака, тогаш нема ниту да помисли да ве уверува дека треба да ја промените. На краткорочен план можеби ви изгледа слатко и наивно, но може да се случи понатаму во животот да имате комплекси и да бидете пречувствителни на критиките.

Прочитајте и...  Не ги избегнувајте сандалите - Средете ги стапалата во два едноставни чекори!

Сака да ги промени вашите вредности

Вашите принципи и вредности ве прават уникатна и единствена личност. Поради тоа и не треба да се менувате, за да не станете бледа копија на вашиот партнер. Заедно сте едно, но секој од вас е посебна личност и не треба да се претворите во нечија сенка.

Прочитај повеќе

Летна маска за лице – Евтина а максимално делотворна, пробајте ја уште денес!

Слободен печат

ИНТЕРВЈУ Данела Арсовска: Имаме голема мотивација за уште поактивна поддршка на жените

Ј.К.Д

Не ги избегнувајте сандалите – Средете ги стапалата во два едноставни чекори!

Слободен печат

И на плажа е можно да го сокриете вишокот килограми: Трик со бикинито кој веќе го користат и светските ѕвезди (ФОТО)

Слободен печат

Сара Реџиќ, модна дизајнерка: Мал број жени имаат храброст да си поиграат со модата

Јасмина Кантарџиева Димков

„Читачот“ ни препорачува топ книги од жени авторки  

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Облечете се како Брижит Макрон: Лежерно, а сепак ефектно! (ФОТО)

Слободен печат

Сања Николовска Најдовски: За да успееш треба да се вложиш, но и да уживаш во процесот

Ј.К.Д

Коронавирусот и бременоста: Сè што е важно да се знае

Слободен печат

Бидете сензуални и впечатливи и во летните месеци

Слободен печат

Пет природни регенератори за коса кои можете дури и да ги изедете

Слободен печат

Есма Реџепова, кралица на ромската музика: Нејзиниот сопруг беше 22 години постар од неа, посвоија дури 47 синови и една ќерка

Слободен печат