Пет ретки симптоми на коронавирус – oсип на прстите на нозете, главоболка и боцкање

EPA EFE
epa08385554 Anais, a doctor working in the COVID-19 unit, performs a stethoscopic auscultation on a patient potentially infected with the SARS-CoV-2 coronavirus at the Etterbeek-Ixelles site of the Iris Sud Hospitals in Brussels, Belgium, 26 April 2020. EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Светската здравствена организација (СЗО) од самиот почеток на пандемијата со коронавирусот како симптоми на болеста најчесто ги наведува следниве: температура, замор и сува кашлица.

Повремено се спомнуваа и течење на носот, болка во грлото, затнат нос, болки во телото, пролив и губење на сетилата за мирис и за вкус, но постојат и други невообичаени симптоми, кои ги пријавиле некои пациенти.

Осип на прстите на нозете

Како што пишува „Гардијан“, заболени од неколку земји пријавиле осип на прстите на нозете, а освен тоа, немале ниту еден друг вообичаен симптом на зараза со коронавирусот. Осипот може да поприми форма на црвени или виолетови лезии, а европското списание за педијатриска дерматологија извести за „епидемија“ на вакви случаи меѓу децата и адолесцентите во Италија.

Конјунктивитис

Иако редок, симптом на коронавирусот може да биде и конјунктивитисот (воспаление на очните конјунктиви), а вирусни честички се пронајдени и во солзите на поедини пациенти. Од британскиот Кралски факултет за офталмологија велат: „Познато е дека секоја инфекција на горните дишни патишта може да доведе до вирусни конјунктивитиси како секундарна компликација, а тој случај е забележан и кај болеста ковид-19. Меѓутоа, малку е веројатно дека заболеното лице нема да има и други симптоми како треска или непрекината кашлица, засега се чини дека конјунктивитисот се манифестира многу подоцна.“

Некроза

Една шпанска студија објавена во списанието „Дерматолоџи“ открила дека кај 6 отсто од 375 прегледани заболени од коронавирусот е забележана некроза – изумирање на телесно ткиво поради недостаток на снабденост со крв, што се манифестира со промена на бојата на кожата на која се видливи црвени или виолетови дамки. Во истражувањето се наведува дека овие симптоми главно биле видливи кај повозрасните пациенти со тешки форми на болеста. Но, и овој податок треба да се земе со резерва, бидејќи некрозата е евидентирана и кај некои лица што биле позитивни на коронавирусот, но не им било потребно хоспитализирање.

Вртоглавица и главоболка

Според студијата спроведена на 214 пациенти во Кина, откриено е дека нешто повеќе од една третина (36,4 отсто) од заразените имале невролошки симптоми какви што се вртоглавица или главоболка.

Чувство на боцкање

Некои пациенти се жалат и на појава на трпки, „штипење“ и чувство на боцкање.

– Кога нашиот имунолошки систем се активира, како одговор/реакција на некоја болест, луѓето може да почувствуваат различни симптоми… Сум слушнал за слични искуства и кај други болести, кои не се поврзани со коронавирусот – изјавил д-р Вaлед Џаваид од болницата во Њујорк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот