Пет работи што треба да ги направите кога ќе влезете дома за да се заштитите од коронавирусот

Сигурно внимавате каде одите и колку се движите, но дали знаете што да направите кога ќе се вратите дома?

Додека некои работи може да се одложат, одењето на работа или во набавка на потребните работи мора да се направи, иако знаеме дека моментално ситуацијата е таква што напуштањето на безбедноста во домот е ризично поради неколку работи… Ако имате симптоми на инфекција, можете да ги заразите другите или, пак, можете да се изложите себеси на вирусот и да го однесете со себе дома.

Стручни совети што да направите по враќањето дома за подобра заштита.

1. Измијте ги и дезинфицирајте ги рацете при влегување дома

Вирусите и бактериите може да се наоѓаат на рацете, па затоа е важно да ги измиете со вода и сапун или да ги исчистите со гел за дезинфекција. Микробиолозите секогаш имаат гел за дезинфекција при рака, ако се во автомобил, ги дезинфицираат рацете кога и да влезат во него. Истото го прават и пред да влезат во домот.

2. Ќесите ставете ги на подот, закачете ја чантата и клучевите

Не ставајте ги работите што сте ги купиле во продавницата на работните површини, освен ако не планирате веднаш да ги дезинфицирате.

По дезинфекцијата на рацете, чантата и клучевите секогаш ставајте ги на истото место, сè додека тоа не е простор за подготовка на храна или трпезариска маса.

3. Соблечете ги обувките и облеката

И овие предмети се потенцијални преносители на инфекцијата. Микробиолозите секогаш прво ги соблекуваат чевлите и облеката и ги ставаат на местото наменето само за нив. Ако сакате да бидете целосно сигурни, исперете ја облеката веднаш.

4. Откако ќе ги измиете рацете, извадете ги намирниците

Откако добро ќе ги измиете рацете, време е да ги извадите намирниците од ќесите. Секако, и нив можете да ги измиете со вода или да ги дезинфицирате со марамчиња (во зависност од тоа за какви намирници станува збор).

За сите луѓе кои одат да купуваат намирници, важно е да ги мијат рацете откако ќе ги допрат, за да не ги контаминираат рачките или работните површини.

5. Повторно измијте

Целосно дезинфицирајте ги работите во домот, а средство за дезинфекција користете го додека сте надвор од дома, бидејќи водата и сапунот се најбезбедни кога станува збор за заштита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот