Пет работи што никогаш не смеете да ѝ ги кажете на жена во текот на сексот!

Бакнеж, секс
Фото: Profimedia

Ако се обидувате да ја убедите партнерката да ги исполни вашите фантазии, веројатно само ќе наидете на отпор бидејќи така ќе ја исплашите. Бидете нежни со неа и дајте ѝ време да размисли.

Кога сексот е добар, тој зборува сам за себе. Но, кога не е, мора да користите зборови кои треба внимателно и промислено да се изберат. Експертите ги открија петте работи кои никогаш не смеете да ѝ ги кажете на жената во кревет, пишува „Јаху њуз“ (Yahoo!news).

1. „Тој оргазам беше лажен“

Никогаш не ја обвинувајте, вели д-р спец. Ели Финкел, професорка по социјална психологија на Универзитетот Нортвестерн. Најдобро би било тој разговор да се води надвор од креветот. Ако темата природно се појави во разговорот, нежно и искрено кажете ѝ што мислите, како на пример: „Не мора да глумиш оргазам. Сакам нашата врска да биде целосно искрена“. На овој начин ќе создадете меѓусебно почитување – во креветот и надвор од него.

2. „Не сега, повеќе би сакал да читам книга“

Имате право да бидете изморени и нерасположени, но таа сигурно ќе биде изненадена поради тоа. За да ја убедите во тоа, кажете: „Воопшто не ми се верува дека ова го кажувам, но сосема сум исцрпен“. Замолете ја да почека до утрото и кажете ѝ дека тогаш ќе правите што таа ќе посака. Ако ви верува, ќе се согласи на компромис, но не заборавајте дека исполнувањето на ветувањата е многу важно.

3. „Сакам да пробам нешто навистина настрано со тебе“

Ако на ваков начин се обидете да ја убедите да ги исполни вашите фантазии, веројатно само ќе наидете на отпор бидејќи ќе ја исплашите. Сексуалната терапевтка од Филаделфија, д-р спец. Арлин Голдман советува да ја „омекнете“ пред да ја отворите темата. Можете да кажете: „Веќе извесно време се прашував какво е чувството да бидеш врзен во текот на сексот. Што мислиш?’. На тој начин ќе ѝ дадете време да размисли и да најде начин да се поврзе во тој предлог.

4. „Ќе бидам послободен во сексот ако се тестираш“

Она што таа всушност ќе го слушне е: „Се сомневам дека имаш некаква сексуално пренослива болест“, а тоа нема многу да ѝ се допадне. Променете го пристапот, кажете ѝ дека сакате да се тестирате за таа да може да биде сигурна во вас и прашајте ја дали сака да го направиме тоа заедно. Така таа нема да се чувствува како да ја обвинувате.

5. „Ова демек би требало да биде супер? Не ми се допаѓа!“

Ако кажете нешто такво, ќе изгледате многу безобразно. Наместо тоа, покажете ѝ дека вие се трудите и грижите да станете подобри во кревет, вели Арлин Голдман. Прашајте ја: „Што би сакала почесто, а што поретко да правиме во кревет?“. На тој начин ќе дознаете што мисли таа за вашата досегашна изведба во креветот и кога ќе дојде време за вашите предлози, таа ќе се „претвори во уво“. Освен тоа, послужете се и со овој трик – забелешката вметнете ја меѓу два комплименти за полесно да ја прими.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот