Пет работи што му се случуваат на телото ако не си ја сакате работата

Ако не ја сакате својата работа или дури и ја мразите, тоа може да предизвика не само незадоволство на работното место, туку и дополнителни физички и ментални симптоми кои влијаат на вашиот живот на други начини.

1. Главоболка – незадоволството на работното место може да доведе до главоболка, дури и до мигрена. Ова се тензични главоболки, кои се јавуваат кога вашето тело ќе се стегне и влијае на протокот на крвта во мозокот. Настануваат поради стресот предизвикан од незадоволството на работното место.

2. Дебелеење – Ако не сте задоволни од вашата работа, веројатно ќе забележите зголемување на телесната тежина. Ова може да биде предизвикано од повеќе фактори. Прејадувањето е вообичаен механизам за справување со стресот, кон кое се прибегнува кога сте незадоволни од кариерата.

3. Изморени или болни мускули – Кога сте несреќни и чувствувате напнатост, мускулите несвесно се грчат. Згрчените мускули доведуваат до други телесни болки, како што се болки во грбот, рамениците, мускулите и во зглобовите.

4. Несоница – Екстремниог стрес и незадоволство може да доведат до губење на сонот. Недостатокот на сон може да ги влоши другите симптоми поврзани со стресот, како што се главоболката и менталниот замор.

5. Ментален замор – Недостатокот на сон, заедно со дополнителниот стрес, може да доведе до премореност на вашиот ум. На истиот начин на кој можете да доживеете физички замор, можете да доживеете и ментален замор. Тој може да биде целосно исцрпувачки, да ги отежне фокусирањето и продуктивноста, бидејќи никогаш не се чувствувате потполно енергично или одморено.

Ослабениот имунолошки систем доведува до поголема склоност кон инфекции и вируси, како што се настинки, воспаление на грлото, грип… Поради стресот и незадоволството на организмот му е потребен подолг период на закрепнување отколку што е вообичаено за овие вируси. Под стрес, жените можат да доживеат неправилности во менструалниот циклус. Менструациите може да биде потешки, а грчевите поболни. Жените кои поминуваат низ менопауза може да имаат засилени симптоми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот