Пет работи кои секоја жена може да ги направи за повеќе да ужива во сексот
Иако повеќето жени фантазираат за секс кој завршува со оргазам, во многу ситуации оргазмот отсуствува. Една од причините поради кои се случува ова е недостатокот на квалитетна комуникација, пишува „Дневник“.
Сепак, секоја жена може да му помогне на својот партнер за да доживее оргазам. Во продолжение, прочитајте пет начини на кои може да го направите тоа.
Искажете ги вашите желби пред партнерот
Сексот е „тимски спорт“. Иако темите поврзани со сексот сè уште често се дискутираат со доза претпазливост, доколку не му ги соопштите вашите желби на партнерот – го оставате да тапка во место.
Она што треба да го знаете е дека вие заслужувате да доживеете оргазам, а тој заслужува да знае како да ви го оствари тоа. На почетокот, можеби, ќе ви биде тешко да кажете некои работи гласно, но не се откажувајте додека јасно не ги изразите вашите желби.
Бидете негов водич низ вашите ерогени зони
Жените, покрај вообичаените, имаат и уникатни ерогени зони. Можеби вашиот партнер прескокнува некои делови од вашето тело кои не се вашата вообичаена ерогена зона. Исто така, можеби ќе ви треба подолга стимулација на некои делови. Споделете го сето ова искрено со партнерот, што ќе резултира со поголемо задоволство.
Земете ги неговите раце и водете го
Има моменти за време на сексот кога сакате партнерот да ве допира на одредено место, но тој не може да ви ги прочита мислите. Наједноставно решение е да го фатите за рака и да му покажете што сакате.
Јасно кажете „не“
Многу жени за време на сексот прават работи кои не им одговараат. Сепак, треба да му кажете на вашиот партнер што ви прави да ви биде непријатно. Ако само молчите и ги следите желбите на партнерот – ќе бидете подалеку од оргазам.
Зборувајте за несигурностите
Вашите несигурности можат да создадат ментален блок и да ја уништат потенцијалната забава. Можеби сте загрижени за здодевноста на вашиот партнер? Можеби сте загрижени за позата? Можеби се борите со телесните несигурности?
Споделете ги вашите размислувања со партнерот и разговарајте искрено и отворено. На крајот ќе сфатите дека немате за што да се грижите, а партнерот ќе ви помогне да се ослободите од вашите несигурности.