Пет природни регенератори за коса кои можете дури и да ги изедете

Меѓу првите показатели дена на вашата коса ѝ е потребна дополнителна нега е губењето на сјајот на косата. 

Ви претставуваме пет природни регенератори кои се направени од намирници што се јадат или се пијат, а со нивна помош ќе ја нахраните косата и ќе ѝ го вратите сјајот.

ЗЕЛЕН ЧАЈ

Тој е еден од совршените природни лекови за оштетена коса или коса без сјај. Содржи голема доза антиоксиданси, но и голем процент на витамин Е кој има смирувачки својства за кожата на главата со што го забавува мрсењето на косата.

Подготовка – Во половина литар зовриена вода додадете две ќесички зелен чај. Отако чајот ќе се излади, отстранете ги ќесичките, а со чајот измијте ја косата. Оставете да делува 4-5 минути, па потоа измијте ја косата со студена вода.

МЕД

Прочитајте и...  На копачките напишал „душо“ и го ставил знамето на нејзината земја: Како започна љубовната приказна на Бастијан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ (ФОТО)

Медот е најпознат заштитник на нашето здравје, но и на убавината. За нега и сјај на косата се препорачува мед од лаванда поради смирувачките дејства на влакното, но и поради поретката текстура која не се лепи за влакната како другите видови мед.

Подготовка – Во еден сад ставете три чаши млака вода и додадете лажица мед од лаванда. Мешајте додека медот се растопи, а потоа косата измијте ја со овој домашен регенератор после кое миење со чиста вода не е потребно.

ЛИМОН

Високата концентрација на витамин Ц, но и големата количина антиоксиданси кои ги содржи лимонот ќе помогнат за чистење на темето од насобрани мртви клетки, а на косата ќе и го вратат потребниот сјај. Киселоста што ја содржи лимонот може да го исуши влакното, затоа се препорачува мешање со маслиново масло.

Прочитајте и...  Внукот на легендарниот Елвис Присли изврши самоубиство на 27-годишна возраст!

Подготовка – Исцедете половина лимон и расредете го со 1 дл. топла вода во која претходно сте ставиле лажица маслиново масло. Сите состојки убаво измешајте ги и оставете да делуваат на косата околу три минути, а потоа измијте ја косата со топла вода.

ЈАЈЦА

Одамна се познати како омилена намирница за сјај на косата. Сепак, јајцата неправедно се избегнуваат поради непријатната миризба што останува на кожата на главата после миењето на косата. Оваа непожелна појава лесно можете да ја решите со помош на јогурт и кора од лимон, а косата адекватно да ја нахраните и да ја освежите.

Подготовка – Изрендајте 1/4 кора од лимон и додадете ја во половина чаша јогурт. Жолчката од јајцето добро измешајте ја и додадете ја во јогуртот. Смесата нанесете ја на косата и оставете да делува најмалку пет минути, а потоа измијте ја со вода во која сте додале неколку капки етерично масло.

Прочитајте и...  Намерно или случајно, Рита Ора повторно покажа повеќе од што треба! (ФОТО)

ЈАБОЛКОВ ОЦЕТ

Одличен е за отстранување на нечистотија од косата, а дури и по неколку плакнења со јаболков оцет, разликите во сјајот на косата се многу забележливи.

Подготовка – Во еден сад ставете три лажици јаболков оцет и 1,5 дл топла вода. Убаво измешајте и нанесете на измиена коса. Оставете да отстои околу пет минути, па потоа измијте ја косата.

Прочитај повеќе

Не си играјте со нивните нерви – Лицата родени во овој хороскопски знак не простуваат неверство

Слободен печат

И легендарниот Жељко Бебек овој август доаѓа во Охрид! 21-ви август, Антички театар

Џони Деп онесвестен со истурен сладолед врз него: Амбер Хард објави шокантна фотографија од поранешниот сопруг

Слободен печат

Ѕвездата од Јутјуб почина во осмиот месец од бременоста, обожавателите се во шок! (ФОТО)

Васко Спасоски

Мамо, ти благодарам за сета љубов! Ќерката на Џон Траволта се прости од мајка си со зборови кои го кршат срцето

Еспресо

Неколку месеци не можеа да ги „уловат“ заедно: Меган и Хари сликани во Беверли Хилс – Нема ниту трага од претходниот гламур (ФОТО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ова е сестрата на Цеца Ражнатовиќ, проценете сами дали си личат! (ФОТО)

Васко Спасоски

Коронавирусот финансиски го исцеди: Роберт Де Ниро ќе заработи максимум 7,5 милиони долари!

Слободен печат

Анабела за Луна Џогани: Веќе немаме контакт, чувствувам дека ја изгубив! (ФОТО)

Васко Спасоски

Последната објава на Инстаграм на сопругата на Џон Траволта носи солзи на очите, нејзината смрт ги шокираше сите (ФОТО)

Слободен печат

Манекенката Накова гордо ги покажа облините во Охрид! (ФОТО)

Васко Спасоски

Том Хенкс на одмор во Грција во сопствената вила (ФОТО)

Слободен печат