Пет причини зошто ни требаат смоквите во есенските денови – Слободен печат
ЗдравјеМагазин

Пет причини зошто ни требаат смоквите во есенските денови

Една од највкусните есенски овошки е смоквата. Искористете ја сезоната и внесете ги смоквите во секојдневното мени. Еве зошто.

Помагаат за слабеење

Одличен извор се на прехранбени влакна кои го забрзуваат метаболизмот и обезбедуваат ситост. Во 100 грама свежи смокви има 74 калории.

Го намалуваат притисокот

Одличен извор се на калиум кој помага за регулирање на крвиот притисок. Овој минерал слабо е достапен во храната, а истовремено и неопходен во денешно време кога голем број на луѓе имаат недостаток од него поради зголемената конзумација на сол.

Го намалуват шеќерот во крвта

Листовите од смоквите содржат анти-дијабетички карактеристики, односно го намалуваат нивото на шечер во крвта. Може да ги користите за подготовка на разни јадења и чаеви.

Го поткреваат расположението

Содржат добра количина на витамин Б кој дава енергија на телото, а кожата ја прави еластична. Витаминот Б ја подобрува работата на мозокот и го поткренува расположението.

Лекуваат брадавици и чирчиња

Во народната медицина смоквите се употребуваат за лекување на кожените израстоци, брадавици и чирчиња. Половина од свежиот плод се става на проблематичното место на телото и се остава преку ноќта. Наутро местото се измива со млака вода. Со чести повторувања брадавиците полесно се отстрануваат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close