Пет причини зошто да ги јадете семките од лубеница кои се исклучително добри за вашето здравје!

Можеби сте навикната да ги плукате семките од лубеницата, но нивната хранливост може да ве убеди дека треба да го промените тоа.

Всушност, семките од лубеница имаат малку калории, а богати се со хранливи материи.

1. Нискокалорични

Цела рака семки од лубеница тежи околу 4 грама и содржи околу 23 калории, а малку е познато дека печените семки можат да бидат здрава ужинка.

2. Богати со магнезиум

Еден од многуте минерали кои се наоѓаат во семките од лубеница е магнезиумот. Во оброкот од 4 грама ќе добиете 21мг магнезиум, што е 5% од дневната вредност.

Всушност, Националниот завод за здравство на возрасните личности им препорачува да консумираат 420мг од овој минерал дневно. Магнезиумот е клучен за многу метаболички функции на телото и потребен е за оддржување на нервните и мускулните функции, како и за заштита на имунитетот, срцето и коските.

3. Содржат железо

Рака семки од лубеница содржи околу 0,29мг железо, односно околу 1,6% од дневната вредност. Можеби не ви изгледа многу, но на возрасните личности им се препорачува да консумираат 18мг дневно.

Железото е важна компонента за хемоглобинот кој го пренесува кислород низ телото. Исто така, му помага на вашето тело да ги претвори калориите во енергија. Меѓутоа, семките од лубеница содржат фитат кој ја намалува апсорбцијата на железо и ја намалува нивната хранлива вредност.

4. Добри масти

Семките од лубеница исто така се добар извор на мононезаштитени и полинезаштитени масни киселини. Според American Heart Association, овие масти се корисни во заштитата од срцевиот и мозочниот удар и го намалуваат нивото на „лош холестерол“ во крвта.

5. Цинк

Семките од лубеница се добар извор со цинк. Тие даваат околку 26% ос дневната вредност во отприлика 30гр семки. Цинкот е важно хранливо сретство, неопходно за имунолошкиот систем. Исто така, потребен е за нормално функционирање на дигестивниот систем и нервниот систем, растот и поделбата на клетките за вашите сетила за вкус и мирис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот