Пет причини кои ќе ве убедат да патувате со Venice Simplon Orient Express возот (ГАЛЕРИЈА)

Кога станува збор за луксузот на тркала, Belmond Venice Simplon Orient Express е негово ултимативно олицетворение.

Овој луксузен воз, бил дел од неколку холивудски филмови, вклучувајќи го славното остварување на „Убиство во Ориент Експрес“, а често го посетуваат и познати личности од очигледни причини. Пиење и уживање во виното додека ги истражувате европските земји, максимален комфорт кој воопшто можете да го замислите и уште многу нешта кои ја претставуваат идејата за луксузно патвање, ви го нуди токму овој воз.

Ви откриваме пет причини кои сигурно ќе ве убедат барем еднаш во животот да тргнете на оваа авантура.

1. Вратете се назад во минатото со овој уникатен арт деко дизајн. Одморете се од сите оптоварувања на модерниот живот и повторно доживејте ја златната доба во овој воз. Уживајте во неговиот арт деко дизајн и старинските декорации, истражувајќи ги истовремено највредните европски тајни. Со своето полирано дрво, луксузниот тапацир и антиквитетите, овој воз е олицетворение на златна ера на патувањето.

2. Живејте како позната личност неколку денови. Од Џулија Робертс до Џ.К. Ролинг и легендарниот Џон Траволта, бројни холивудски ѕвезди овој воз го нарекле свој дом во некој период од неговото постоење. Уживајте во начинот на живот на суперѕвездите и дајте си шанса да се сретнете со омилениот лик од филмовите.

3. Искусете кулинарска авантура која ќе ја паметите цел живот. Патувајте низ Европа и истовремено уживајте во најдобрите деликатеси истовремено – од локални, до интернационални рецепти, овој воз ви нуди бројни посластици кои ќе ги заскокоткаат вашите сетила за вкус и ќе ги разбудат.

4. Уживајте во кралското сместување и вонвременскиот гламур. Чувствувајте се како член на кралско семејство додека уживате во едно од реставрираните купеа од 1920-та година. Богати, како поради квалитетната изработка така и поради одличните погодности, апартманите на овој воз се дефиниција за луксуз и ви нудат излобилство на простор за максимално уживање.

5. Откријте ја историјата со шампањ. Патувањето со овој воз е како патување низ музеј. Историја ве очекува каде и да се завртите, во форма на реставрирана убавина, која ќе го намами вашиот поглед. Ако не сте љубител на историјата, тогаш посетете го барот кој е посветен на шампањот и дегустирајте ги најпрефинетите видови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот