Пет одлични психолошки трилери

Ако го обожавате овој жанр на филмови, следете ги нашите пет предлози и уживајте во возбудлив филмски маратон.

Terminal

Контроверзен филм кој го следи животот на Ени, која работи на мрачна и пуста станица. Таа всушност води и двоен живот, а филмот е полн со пресврти кои не ги очекувате.

La Cara Oculta

Филм од шпанско говорно подрачје кој го следи животот на разочараниот Адријан, кој запознава нова девојка. Таа се вселува кај него, но за кратко време почнуваат да се случуваат чудни нешта во куќата.

Stonehearst Asylum

Интригантен филм заснован врз приказната за Едгар Алан По, со неверојатен крај, кој ќе ве остави без зборови.

El Оrfanato

Она што е сигурно е дека шпанската продукција може да биде прогласена за најдобра за психолошки трилери. Овој филм освен што е шокирачки, содржи и многу тажни и трогателни детали кои нема да ги заборавите.

Beast

Британска бајка која ќе ви ја смрзне крвта, дури и покрај големата доза на романтика и бајковитост.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот