Пет новозаразени за еден ден во Кавадарци

Јуни 2020, Скопје / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Петти потврден случај на коронавирус во Кавадарци во еден ден бележи кавадаречкиот Центар за јавно здравје. Ова денеска за МИА го потврди докторот Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог.

Станува збор за 64-годишен пензионер со лесна клиничка слика, кој е на домашно лекување.

За разлика од претходните четири случаи потврдени утринава кои имале контакт со заболени лица, пензионерот не знаел од каде се заразил. Се работи на неговите контакти со цел нивна изолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот