Пет начини со кои правилно може да користите кредитни картички

платежни картички
Платежни картички / Фото: Архива на „Слободен печат“

Кредитните картички се еден од најпаметните начини на плаќање и ако правилно ги користите, може да ви овозможат одличен резултат. Иако многумина од нас трошат повеќе затоа што „не ги чувствуваат“ виралните средства, сепак има неколку практични начини, или барем совети со кои може да си ги подобрите потрошувачките навики:

  1. Трошете во рамките на вашиот кредитен лимит

Прв чекор за да се осигурите дека ја користите кредитната картичка правилно е да знаете до каде ви е кредитниот лимит. Раководете со вашите средства во рамките на кредитниот лимит, без да помислите за драстично негово зголемување доколку немате вистинска потреба за тоа.

  1. Обрнете внимание на известувањата поврзани со кредитните картички

Кредитните картички секогаш нудат можност за смс известување при одреден прилив или одлив на средства. Важно е да го знаете тоа и да ги читате пораките. Така ќе имате постојан увид на вашите пари и каде ги трошите и до кое ниво на искористеност сте стигнале.

  1. Кредитни картички и бонус

Картичките можете да ги користите и за собирање бонуси и дополнителни добивки. Со правилно користење на кредитните картички, можете да собирате бонус поени во предефинирани периоди на различни типови продажни места.

Запомнете: 1 бонус поен е еднаков на 1 денар.

  1. Користете ги различните бенефиции на кредитните картички.

На пример, користењето на Mastercard World Contactless ви дава можност за брзо и лесно БЕСКОНТАКТНО плаќање секаде каде што го има знакот за бесконтактно плаќање.

Дополнително, со користење на картичката Mastercard World станувате дел од клубот Mastercard Platinum каде што имате можност да ги користите сите привилегии и бенефиции: http://www.mastercard.com/rs/consumer/businessclub.html

Корисниците на картичката Mastercard World може да ги користат привилегиите на програмата Lounge Key во повеќе од 800 аеродроми насекаде во светот: https://www.loungekey.com/halkbankmk

Од широката палета на кредитни картички би ја издвоиле и Visa PayWave Credit со која можете да плаќате на 2, 3, 6, 12 и 24 рати, во зависност од износот на трансакцијата направена на ПОС-терминали, интернет, АТМ и во сите други банки во земјата и во странство. Плаќањето на рати не е избор на клиентот и трговецот, туку е автоматски, во зависност од износот на трансакцијата на која се пресметува камата, без грејс-период.

  1. Искористете го периодот без камата на најдобар начин

Многу кредитни картички нудат бескаматен период на купување. Имајте предвид кога ви истекува тој период и уплатете го искористениот износ пред да истече датумот за да избегнете непотребни трошоци.

Почнете уште од денес – верувајте дека ќе добиете повеќе од сопственото искуство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот